Линкови за пристапност

Стејт Департмент: Корупцијата е постојан проблем во Северна Македонија


Селективно таргетирање на критичари на власта и криминалци од пониски рангови, корупцијата влијае и врз водењето на бизнис. Носењето на закони некогаш е пребрзо а спроведувањето и имплементирањето речиси без исклучок е бавно

ВАШИНГТОН - Корупцијата, честите законски и регулативни измени, неконзинстентната интерпретација и импелемнтација креираат несигурна бизнис клима во државата а во јавните набавки корупцијата и митото не се невообичаена појава како за домашните тала и за странските компании, стои во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент.

Таргет се критичарите на власта и криминалци од пониските рангови, државни службеници осомничени за корупција не се разрешени а постојат „веродостојни обвиниувања“ за корупција во админстрацијата

„Северна Македонија има закони наменети за спротивставување на митото, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства. Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори. Владата генерално спроведува закони, но има бројни извештаи дека некои службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности“, пишува во извештајот на Стејт Департментот.

Како проблем на кој треба да се работи е честото менување на законите и регулативите и бавното спроведување на правилата и имплементирање на новите закони.

„Законите не се подготвуваат редовно врз основа на докази или проценки водени од податоци и, на моменти, се движат низ парламентот користејќи скратени законодавни процедури. Додека законите се на сила, спроведувањето и универзалното спроведување на законите и регулативите обично немаат и можат да бидат проблем за деловните субјекти и граѓаните“, проценува амеиракнскиот Стејт Департмент.

Бизнис климата во Северна Македонија е добра, водењето на бизнис е релативно лесно, но митото и корупцијата се константен проблем и опасност.

„Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем. Извештајот за деловна деловна активност на Светска банка во 2020 година ја рангираше Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места од претходната година. Сепак, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција“, сметаат аналитичарите од Стејт Департментот.

Во делот од извештајот посветен на корупцијата позитивно се оценети пресудите против обвинетите од предметите на СЈО, како и Владата за воведувањето на етички кодекс за избраните и именуваните лица. Добра оцена има и за вовоедувањето на електронските системи во Царината и Бирото за јавни набавки кои овозможуваат транспарентно следење на процесите.

Опозициските политички партии од македонскиот и албанскиот блок, ВМРО - ДПМНЕ и Алијанса на Албанција, го оценија овој извештај како најлош досега а наводите во него ги потврдиле нивните информации и обвинувања кои ги споделувале во јавноста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG