Линкови за пристапност

Почна судскиот процес за скандалот „Јавна Соба“


Судењето за „Јавна соба“ продолжува на 27 август, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата

Во кривичниот суд во Скопје претпладнево почна судењето за случајот Јавна соба, а двајцата обвинети Дарко Костовски и Михаил Паневски се донесени од притвор во Шутка.

Обвинети се креаторот и администраторо на првата група „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“ и се гонат за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Адвокатите на обвинетите се жалат на тоа што немале пристап до доказите на обвинителството за да извршат форензичко компјутерско вештачење и бараат одлагање за да подготват соодветна одбрана.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ’Јавна соба‘ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“, соопшти обвинителството кога го поднесе обвинението.

Откако првата група на мрежата Телеграм згасна, беше формирана група со исто име на која беа повторно споделувани лични податоци на девојки, нивни фотографии, како и јавно достапни телефонски броеви на адвокатки, активистки и други жени. Таа истрага се уште е во тек.

Поради случајот и инертната постапка на надлежните истражни органи кои не можеа да ги откријат оние што злоупотребуваат лични податоци и состојби, пред се на девојки и жени, беа одржани повеќе протести од организацијата за заштита на човековите права.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG