Линкови за пристапност

Институциите се вмрежуваат за да конфискуваат пари на криминалци


Промовирана Национална стратегија за конфискација на имот, првите резултати се очекуваат во наредните две години. Бројчаникот изгасен, надлежните без прецизни информации колку е конфискувано со пресуди. Неопходно е носење на Закон за потекло на имот

СКОПЈЕ – Испитувањето на потекло на имотот на осомничени и обвинети не е невообичаено во Северна Македонија но конфискувањето на имот и средства по изречена судска пресуда секако е. Најавениот бројчаник на „Триумфална Капија“ кој требаше да ја покаже сумата на пари запленети од криминалци а украдени од граѓаните никогаш не проработи. Колку средства и каков имот и од колку лица е конфискуван надлежните немаат официјална информација.

Токму затоа денеска е промовирана Националната стратегија за конфискација на имот со која надлежите увреуваат дека правдата ќе биде истерана до крај. Акцентот е на вмрежување и дигитализација на институциите кои ќе ги спроведуваат финансиските истраги со што ќе бидат далеку поефикасни од досега.

Обвинителството и Финансиската полиција водеа финансиски истраги, исто како и пораннешното СЈО, но потребно е носење на Закон за потекло на имот кој ќе им ја олесни работата на истражителите од повеќе државни институции.

„Со носење на закон за потекло на имот со кој ќе се овластат правосудните органи да бараат од лицата да го докажат потеклото ќе имаме поволни услови за конфискација. Кај нас секогаш се пријавува само легалниот имот или легално стекнатиот имот. Другиот имот никогаш не се префла во нивна сосптвеност или во сопственост на потесното семејство. Тоа е јавна тајна. Јас секогаш инсистирам тоа да се смени со носење на Закон за потекло на имот“, изјави Арафат Муареми, директор на Управата за Финансиската полиција.

Токму вмрежувањето и дигитализацијата ќе ја даде предоноста на државните институции која во моментов недостасува.

„Промовирањето на оваа стратегија не значи дека надлежните оиргани воопшто не го испитувале имотот на сторителите на кривични дела. Стратегијата има за цел да се уанпреди соработката и мора да биде меѓуресосрска. Овие форми на криминал не може да ги истражува само една институција. Мора да се испитуваат од различни аспекти“, вели Љубомир Јовески Државен јавен обвинител.

Вицепремиерот за бробра против корупцијата, Љупчо Николовски, најави формирање нанационална комисија составена од повеќе институции која следи дели се спроведува стратегијата.

„Стратегијата предвидува поттикнување на проактивност на институциите вклучени во финансиските истраги со што овозможува водење на паралелна финансиска истрага со криминалистичката истрага. На овој начин се елиминираат ризиците од прикривање, распродажба или изнесување на противправно стекнат имот надвор од државата. Сите седум клучни антикорупциски надлежни институции се веќе поврзани на системот на интероперабилност и започнуваат со размена на сите информации и податоци преку оваа платформа. Во следната фаза ќе бидат повразни со централниот регистар на население со цел брзи и ефикасни постапки и размена на податоци“, изјави Николовски.

Првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски, смета дека со стратегијата кривичните истраги ќе резултираат со поголема аплена на имот.

„Целосно сме посветени на градење систем кој испраќа порака дека криминалот е неисплатлив и тоа со негово сузбивање преку ефективна идентификација, финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнатиот имот или имотна корист“, рече Спасовски.

Финансиските истраги во МВР ги води Единицата за финансиски истраги формирана минатата година како и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, а веќе се водат финансиски истраги против 67 физички лица и 16 правни лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG