Твитер привремено го суспендираше профилот на републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин поради твитови кои ги прекршуваат правилата на компанијата за дезинфромации поврзани со пандемијата на ковид-19, објави Ројтерс.
Грин објави дека коронавирусот не бил опасен за луѓето кои не биле дебели, и кои биле помлади од 65 години, како и дека организациите не треба да ги принудуваат луѓето да користат „вакцини или маски што не се одобрени од Агенцијата за храна и лекови“.
Овие твитови беа означени како неточни од страна на социјалниот медиум.
Профилот на Грин ќе биде блокиран 12 часа, соопшти Твитер.
Во видеопорака на Фејсбук, Грин потврди дека била привремено суспендирана од страна на платформата и ја обвини администрацијата на Бајден за обид за контрола на слободата на говорот.
Претседателот на САД Џо Бајден ги повика социјалните медиуми да преземаат поголеми мерки против дезинфромациите.
Facebook Forum