Линкови за пристапност

САД: До 300 американски долари месечно за секое дете на возраст под шест години


Според програмата која ќе трае до декември, семејствата ќе добиваат до 300 американски долари месечно за секое дете на возраст под шест години и 250 американски долари месечно стипендија за секое дете од шест и постари од шест години

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот ја започна најголемата програма за борба против сиромаштијата, испраќајќи месечни исплати за прв пат за да им помогне на повеќето американски родители да се грижат за своите деца.

Одделот за финансии соопшти дека парите ќе бидат депонирани на банкарски сметки на околу 39 милиони домаќинства што опфаќаат 88 проценти од децата во САД - што претставува околу 60 милиони деца воопшто. Според програмата, семејствата ќе добиваат до 300 американски долари месечно за секое дете на возраст под шест години и 250 американски долари месечно стипендија за секое дете од шест и постари од шест години.

Во моментот, плаќањата ќе се продолжат за шест месеци, до крајот на 2021-ва година, иако Бајден и неговите колеги од Демократската партија во Конгресот се надеваат дека ќе ја продолжат придобивката како дел од пакетот мерки за социјална безбедност. Доколку се продолжи, програмата се очекува да чини околу 120 милијарди долари годишно.

Републиканците велат дека иницијативите на Бајден е премногу скапа и се спротивставуваат на неговиот повик да ги зголеми даноците на корпорациите и богатите Американци да плаќаат за нив.

Претставници на Белата куќа велат дека придобивката може да извлече милиони семејства од сиромаштија и да ја подобри исхраната и менталното здравје на децата. Некои историчари ја споредуваат со придобивките од 60-тите години на минатиот век, во времето на војната против сиромаштијата на претседателот Линдон Џонсон.

Но, критичарите за новите трошоци велат дека некои од придобивките може и да немаат никаква корист откако инфлацијата се искачи за 5.4 отсто. Креаторите на финансиската политика велат дека стапката на инфлација во САД може да остане висока со месеци пред да се смири.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG