Линкови за пристапност

Проблем не се лошите закони, туку неказнивоста на корумпираните


Како да се подбори ситуацијата во правосудството?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција без разлика дали се работи за политичари, судии или било кој, мора да одговараат

Како да се подбори ситуацијата во правосудството за кое огромен дел од општеството смета дека е корумпирано – на ова прашање денеска се обиде да даде одговор врвот на судската власт, обвинителството, претставници на надлежните институции и владата. Во дебатата се искористи последното истражување на Меѓународниот републикански институт – ИРИ кое покажа дека дури 74 отсто од граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.

„Ако имаме толку голем процент на граѓани кои немаат доверба дека ќе бидат еднакво третирани од судтвото, тогаш тие знаат дека не можат на нормален, легален начин да пристапат и затоа преземаат одредени коруптивни постапки“, рече Илина Мангова од ИРИ.

„Во судството има чесни луѓе кои чесно работат. И, од таа перспектива, главен проблем не се лошите закони, туку неказнивоста на оние кои се навистина корумпирани и поради тоа се урива интегритетот на целиот правосуден систем“, рече судијката во Врховниот суд, Мирјана Лазарова.

Еден од клучните проблеми е перцепцијата дека поради корупцијата правдата не е еднаква за сите. Владата уверува дека нема да толерира неказнивост за оние кои згрешиле.

„Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција без разлика дали се работи за политичари, судии или било кој, мора да одговараат. Обиди за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да дозволиме“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

Дел од дискутантите инсистираа на градење вистински професионален кадар во судството.

„Добрите одлуки зависат од професионалниот пристап на самите судии“, рече претседателката на антикорупциската комисија Биљана Ивановска.

Претставници на обвинителството зборуваа за конкретни проблеми во секојдневното работење кои ја рушат довербата во системот.

„Поради промена на судечки совет се оддолговлекуваат постапките зашто тие почнуваат од почеток, но тоа влија врз перцепцијата на јавноста за правосудството. Сведоци сме на одново почнување на нови предмети особено на оние од поранешното СЈО“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

За лошата ситуацијата зборува и податокот дека околу 20 проценти од претставките од граѓаните кои ги добива Антикорупциската комисија се однесуваат токму на правосудството кое во Националната стратегија за борба против коруцпијата, како сектор, е означено како високоризично од појава на корупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG