Линкови за пристапност

Почина холанскиот репортер Де Врис кој беше застрелан минатата недела


Де Врис е познато име во Холандија, познат по соочувањето со гангстери и нарко дилери како и помагање на полицијата да расветли убиства од висок профил и решавајќи тешки случаи

Познат холандски репортер за криминал, кој беше застрелан минатата недела во Амстердам, почина.

Во изјавата на семејството на Питер Р. Де Врис се вели дека новинарот „се борел до крај, но не бил во можност да ја добие битката“.

„Ние сме неверојатно горди на него, а во исто време и неутешни”, стои во нивното соопштение.

"Питер Р. де Врис беше секогаш посветен, жилав, не се плашеше од ништо и од никого. Секогаш барајќи ја вистината и застанувајќи во одбрана на правдата", рече холандскиот премиер Марк Руте преку твитер.

Де Врис (64) бил погоден во главата од еден од петте истрелани куршуми од огнено оружје, додека заминувал од телевизиското студио на 6-ти јули.

Полицијата уапси двајца осомничени во врска со пукањето, 21-годишен Холанѓанец осомничен дека е стрелецот и 35-годишен Полјак.

Де Врис е познато име во Холандија, познат по соочувањето со гангстери и нарко дилери како и помагање на полицијата да расветли убиства од висок профил и решавајќи тешки случаи како оној на 11-годишната Ники Верстапен, чие убиство во 1998-ма година не беше решено повеќе од 20 години. Де Врис е познат и по тоа што го покриваше киднапирањето на магнатот за производство на пиво Фреди Хајнекен во 80-тите години од минатиот век.

Репортерот долго време живееше со смртни закани. На почетокот на оваа година, тој за едно списание изјави дека не се плаши, велејќи: „Тоа е дел од работата“.

Нападот врз Де Вриј се случи само неколку месеци откако телевизискиот репортер за криминал Јоргос Караиваз беше смртно застрелан пред неговиот дом во Атина.

Во февруари 2018-та година, словачкиот истражувачки репортер Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кужнирова беа пронајдени застрелани во нивниот дом во Вешка Мања, западна Словачка. 27-годишниот репортер испитувал економски криминал во кој учествувале високи словачки бизнисмени и имале врски со политичари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG