Линкови за пристапност

Се намалува бројот на барања за бенефиции поради невработеност во САД


Вкупно 360 илјади невработени работници побараа државна компензација, што е за 26 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела

Побарувањата за бенефиции за невработеност минатата недела паднаа во САД на најниско ниво од средината на март 2020-та година, објави во четвртокот Одделот за труд.

Вкупно 360 илјади невработени работници побараа државна компензација, што е за 26 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела, соопшти агенцијата. Но, новата бројка остана далеку од вкупно 256 илјади забележани непосредно пред пандемијата.

Околу 9,5 милиони луѓе остануваат невработени во САД и бараат работа. Но, исто така има и 9,2 милиони работни места, вели владата.

САД додаде 850 илјади работни места во јуни, со стапка на невработеност од 5,9 отсто. Некои работодавци нудат парични бонуси за нови вработувања.

Државните гувернери и општинските службеници ширум САД ставаат крај на ограничувањата на пандемијата, и во многу случаи им овозможуваат на деловните субјекти за прв пат во една година целосно повторно да се отворат за клиентите. Тоа може да доведе до поголемо вработување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG