Линкови за пристапност

Бајден денес во Белата куќа се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел


Двајцата лидери се очекува да разговараат за рускиот гасовод на кој Вашингтон се противи како и Кина која има силни трговски односи со Германија

Претседателот на САД, Џо Бајден, денес во Белата куќа се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел, во најверојатно нејзината последна официјална посета на САД.

По 16 години како канцеларка на Германија, Меркел планира да ја напушти владата по националните избори во септември.

„Оваа посета ќе ги потврди длабоките и трајни билатерални врски меѓу САД и Германија“, изјавија од Белата куќа во средата.

Бајден и Меркел ќе разговараат за различни прашања што вклучуваат „спротивставување на заканата од климатските промени, ставање крај на пандемијата, решавање на безбедносните и регионалните предизвици и засилување на демократијата ширум светот“.

Двајцата лидери исто така се очекува да разговараат за рускиот гасовод на кој Вашингтон се противи. Проектот „Северен поток 2“ пренесува природен гас од Русија во Германија.

САД тврдат дека проектот ќе ја доведе во опасност европската енергетска безбедност со зголемување на зависноста на Европа од руски гас и дозволување на Кремљ да изврши притисок врз ранливите земји во Источна и Централна Европа.

Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт, им изјави на новинарите дека лидерите ќе разговараат и за Кина, која има силни трговски односи со Германија. Некои политички набудувачи велат дека Меркел, која го критикуваше извештајот за човекови права во Кина, се надева дека ќе избегне да избира помеѓу САД и Кина.

На дневниот ред на Меркел денес е вклучена и вечера во Белата куќа со претседателот Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и вториот господин Даглас Емхоф.

На Меркел, исто така, треба да и биде и врачена почесна диплома на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Некои информации за овој извештај доаѓаат од Ројтерс и Асошиејтед Прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG