Линкови за пристапност

Награди од 10 милиони американски долари за борба против рансомвер


Наградите се нудат во рамките на програмата “Награди за правда” на Стејт департментот

БОСТОН (АП) - Стејт департментот ќе понуди награда до 10 милиони американски долари за информации што ќе доведат до идентификување на секој што се занимава со злоупотреба на сајбер активност од странски држави против САД, вклучително и напади за рансомвер.

Администрацијата на Бајден исто така ја објави веб-страницата stopransomware.gov за спротивставување на заканата и градење поголема отпорност во мрежите, изјави висок службеник.

Друга мерка објавена во четвртокот за борба против напади со откупни средства е од мрежата за спроведување на финансиски злосторства при Одделот за финансии. Ќе се ангажираат банките и технолошките фирми во напорите против перењето пари поврзано со крипто валутата и побрзо пронаоѓање на приходите од рансомвер, кои се плаќаат во виртуелна валута.

Наградите се нудат во рамките на програмата “Награди за правда” на Стејт департментот.

Се верува дека рускиот претседател Владимир Путин навистина го послушал предупредувањето од страна на претседателот Џо Бајден за последиците доколку не се справи со криминалците за откуп во Русија и сојузничките држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG