Соединетите Држави со зголемување на бројот на нови инфекции од Ковид-19 поради комбинацијата на поинфективната варијанта Делта и ниските стапки на вакцинација во неколку сојузни држави.
Меѓу десетиците сојузни држави кои пријавуваат постојан пораст на нови инфекции со Ковид-19 е Мисури која има една од најниските стапки на вакцинација во нацијата.
Околу 45% од сите жители на Мисури примиле барем една дозна на вакцина против Ковид-19, далеку зад националниот просек од најмалку 55%. Ситуацијата е далеку полоша во руралните области на државата, каде што помалку од 25% од жителите се инокулирани.
Официјални лица во округот Сент Луис велат дека стапката на нови случаи на корона вирус пораснала за 63% во последните две недели.
Влошената состојба во Мисури ја поттикна администрацијата на Бајден да распореди „тим за одговор“ составен од експерти од американскиот Центар за контрола и превенција на болести и други здравствени агенции за да им помогнат на локалните службеници во обидите за тестирање и вакцинација.
За напливот на нови инфекции со корона вирус се обвинува општата недоверба кон вакцините, заедно со зголемената политичка опозиција во некои држави.
Во Тенеси, д-р Мишел Фискус, директорка на програмите за имунизација во оваа сојузна држава, изјави дека била разрешена од функцијата поради противењето од конзервативните законодавци на нејзините напори да ја подигне свеста кај тинејџерите и младите во Тенеси за потребата од вакцинирање.
Фискус рече дека препораките што ги подготвувала содржеле можност некои тинејџери да бидат квалификувани за вакцинирање и без согласност на нивните родители.