Линкови за пристапност

Демократите во Сенатот постигнаа согласност за буџетски план вреден 3.5 трилиони долари


Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се сретне со сенаторите од Демократската партија откако тие најавија дека постигнале согласност за буџетски план од 3.5 трилиони долари кој треба да го прошири здравственото осигурување за највозрасните, да овозможи програми за помош на семејствата и да помогне во борбата со климатските промени.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека овој пакет е „најголема инвестиција во средната класа по неколку децении“.

Сенаторот Марк Варнер кој доаѓа од сојузната држава Вирџинија изјави дека планот вклучува мерки со кои целосно ќе се финансираат програмите.

Тој не откри детали, но претседателот Џо Бајден има изјавено дека се залага парите да дојдат од зголемување на даноците за богатите и за корпорациите.

Републиканците во Конгресот се противат на вакви даночни зголемување откако за време на претходната администрација на Доналд Трамп тие ги намалија, вклучително и даноците за корпорациите.

За да помине планот ќе мора да добие поддршка од сите 50 сенатори од Демократската партија.

XS
SM
MD
LG