Линкови за пристапност

САД контра Кина во однос на територијалните претензии во Јужното кинеско море


(Ханој, Ројтерс) Соединетите Држави ги отфрлаат кинеските незаконски територијални претензии во Јужното кинеско море и стојат заедно со државите од југоисточна Азија кои се под притисок од Пекинг, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен имаше обраќање преку видео конференција пред министрите за надворешни работи на земјите од Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН). Тој рече и дека САД се длабоко загрижени за ситуацијата во Мјанмар и ги повика државите од АСЕАН да преземат активности за ставање крај на насилството и за враќање на демократијата во оваа земја.

АСЕАН ги предводи дипломатските напори во Мјанмар, држава која е и членка на оваа асоцијација, за ставање крај на насилствата кои избија по државниот удар на 1 февруари. Хунтата во Мјанмар го игнорира барањето на АСЕАН за ставање крај на насилствата, политички разговори и именување специјален регионален претставник.

XS
SM
MD
LG