(Пекинг, Ројтерс) Бројот на загинати во делумното уривање на хотел во кинескиот град Сужу се искачи на 17, пренесоа кинеските државни медиуми.
Преживеани се само 6 од од 23 луѓе кои беа заглавени во урнатините на хотелот.
Повеќе од 650 луѓе беа вклучени во акцијата за спасување која траеше од понеделникот до денеска.
Владата во провинцијата Џиангсу формираше тим кој треба да спроведе длабинска истрага за причината за уривањето.
Хотелот Сиџи Каијуан бил отворен во 2018-та година и имал 54 соби. Делот кој се урна бил висок три ката.