Линкови за пристапност

СЗО бара глобална база на податоци за следење на „каква било форма на генетска манипулација“


Препораките доаѓаат од група експерти формирани во 2018-та година откако кинескиот научник Хе Жианкаи објави дека создал генетски направени бебиња кои биле имуни на ХИВ

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува создавање глобална база на податоци за следење на „каква било форма на генетска манипулација“, со цел да се спречи бескрупулозното или опасно експериментирање.

Препораките доаѓаат од група експерти формирани во 2018-та година откако кинескиот научник Хе Жианкаи објави дека создал генетски направени бебиња кои биле имуни на ХИВ, вирусот што предизвикува сида. Тој беше прогласен за виновен во декември 2019-та година за вршење „незаконска медицинска пракса“ и беше осуден од кинескиот суд на три години затвор.

СЗО рече дека целото уредување на геномот треба да биде јавно објавено и препорачува систем во кој научниците би можеле да пријават неовластено уредување на геномот.

СЗО остро се спротивстави на правење измени во човечкиот генетски код што може потоа да се пренесе од колено на колено.

„Никој со здрав ум не треба да размислува да го стори тоа, бидејќи техниките едноставно не се доволно безбедни или ефикасни и не сме подготвени во поглед на сите етички размислувања“, рече Робин Ловел-Беџ, водач на групата на британскиот институт Френсис Крик, член на комитет.

Некои информации во овој извештај се превземени од Асошиејтед Прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG