Пожарникарите во западниот дел на САД и Канада се борат со бројни пожари бидејќи жешкото и суво време ги влошува условите на суша.
Пожар во јужен Орегон, близу границата со Калифорнија, се прошири на повеќе од 600 квадратни километри, што предизвика евакуација и ги зафати електричните далноводи што доставуваат електрична енергија до Калифорнија.
Пожарникарите, најверојатно, нема да добијат олеснување во наредните денови со оглед на прогнозата каде се очекува времето да биде суво и ветровито, со температури далеку над просечните. Властите во неделата соопштија дека повеќе екипи работат преку ноќ кога е полесно да се борат против пожарите и да се изградат линии за спречување.
Калифорнија се справува со еден од најголемиот пожар оваа година, северно од езерото Тахо. Пожарот во Бекувурт се прошири на 348 квадратни километри, додека пожарникарите успеаја да изгаснат околу 20 отсто.
Енергетските власти во Калифорнија ги повикуваа луѓето да штедат на електрична енергија, во обид да се избегнат несакани прекини.
Националната метеоролошка служба соопшти дека во Долината на смртта во Калифорнија, во неделата биле измерени 53 степени Целзиусови.
Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед Прес и Ројтерс.
Facebook Forum