СКОПЈЕ – Стотици граѓани утрово се појавија пред вратите на трите поликлиники во Скопје откако здравствените власти дозволија од денеска сите граѓани кои немаат термин а сакаат да вакцинираат да го сторат тоа. Турканици, редици и револтирани граѓани беше сликата пред поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“.
„Дојдов да се вакцинира мзатоа што сакам да се заштитам. Немам термин и добро е што минисетрството ми овозможи да се вакцинирам но мора да има некаков ред. Два часа чекам пред вратава“, изјави Мартин Филиповски, кој дојде во поликлиниката Букурешт.
Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така потврди дека граѓаните не треба да создаваат гужви пред поликлиниките, додавајќи дека за подобра организација на вакцинацијата може да се побара помош и од полицијата и војската.
„Во неколку пунктови имаше гужва во утринските часови. Претпоставувам дека граѓаните сакаат да завршат работа додека е поладно. Мислам дека е добар систем и треба да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот на граѓаните. Граѓаните може да дојдат во било кој дел од денот и да се вакцинираат. Јас ќе разговарам со директорите на здравствените домови за да се договориме како да се организира редот. Ние сеуште имаме можност да ги користиме ресусрсите на армијата така да имаме механизми со кои може да интервенираме“, рече Филипче.
Во спортските сали, однонсо регионалните вакцинални центри, ќе се врши само ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат добиено термин.
Денеска почна и теренската вакцинација на населението во руралните средини почна денеска. Десетици медицински тимови во повеќе општини низ државата ги вакцинираа граѓаните кои не можеа досега да се вакцинираат поради оддалеченост на вакциналните пунктови или здравствените домови.
„Вакцинирањето на граѓаните без закажан термин и вакцинирањето на терен се процеси што ќе се одвиваат наредниот период без прекин, со распоредн направен од страна на здравствените работници од здравствените установи, распоредот ќе биде повторувачки, значи повеќе пати ќе се посетуваат населените места, селата, руралните места. Сметам дека на овој начин значајно се олеснуа пристапот на граѓаните до вакцина буквално на цела територија на нашата држава. Механизмите кои ги имаме, кампањи, теренска вакцинација, ќе придонесат за што поголем број граѓани да се вакцинираат“, рече Филипче.
Тој додаде дека не се детектирани новозаболени носители на т.н. „Делта сој“ но затоа има заболени од т.н. „бразилски вид“ и нагласи дека можно е да се појават и нови мутации на вирусот па затоа вакцинацијата, не рестрикциите се единствен корисен инструмент во справувањето со поандемијата.
Иако беше најавено дека ќе биде без закажување, вакцинирањето на децата на возраст од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ сепак ќе биде со закажаување на термин. Рокот за пријавување е до четврток на сајтот „вакцинација.мк“.
„Во однос на вакцинација на децата ќе треба да се закажуваат термини и тоа ќе биде веќе на сајтот вакцинација.мк почнувајќи од денеска до четврток и после тоа ќе се поделат термините за вакцинирање на децата. Родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините.Закажување на термин за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количини вакцини Фајзер. Една вијала со која може да се вакцинираат шест лица, откако ќе се раствори истата во одредено време треба да се потроши. Со закажување термини и утврден точен број на вакцини, ќе се исклучи можноста да се фрлаат вакцини“, објаснуваат надлежните.
Комисијата за имунизација пак на денешниот состанок донесе одлука со која се сратува рокот за ревакцинација на граѓаните кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ од 12 на 6 недели. Одлуката со оваа вакцина да се вакцинираат само граѓаните над 60 години остана непроменета.
Во последното деноноќие регистрирани се пет нови случаи на заболени од Ковид - 19 а во моментов како активни се водат 183 случаи. Од почетокот на епидемијата животот го загубија 5.487 лица а досега се вакцинирани 409 илјади граѓани.
Facebook Forum