Линкови за пристапност

Фајзер бара трета доза вакцина, владата на САД не верува дека тоа е потребно


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Федералната администрација за лекови (ФДА) во петокот соопштија дека не веруваат дека на Американците им треба уште една дополнителна вакцина. Од Фајзер најавија состанок со официјални лица на ФДА во понеделник

Фајзер, биофармацевтската компанија што ја прави една од вакцините, вели дека е време да се разгледа можноста за дополнителна трета вакцина. Но, американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Федералната администрација за лекови во петокот соопштија дека не веруваат дека на Американците им треба уште една дополнителна вакцина.

Фајзер изјавија дека ќе се состанат со официјални лица на ФДА во понеделник. Компанијата неодамна рече дека ќе биде потребен дополнителна трета доза на вакцина во следните 12 месеци.

Д-р Ентони Фаучи призна дека можеби е потребно такво нешто, но во неделата рече дека е прерано за владата да препорача трета доза. Приближно половина од населението во САД е целосно вакцинирано.

Минатата недела генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебреизус зборуваше на Универзитетот во Нотингем за глобалните здравствени разлики што ги откри пандемијата. „На глобално ниво, пандемијата откри длабок јаз, дефицит на солидарност и споделување: споделување на критични податоци, споделување на епидемиолошки информации, споделување на ресурси, технологија и алатки што им се потребни на секоја нација за да ги заштити своите луѓе“.

Шефот на СЗО рече: „Ние мора да ги научиме лекциите од пандемијата. Оваа пандемија се прошири поради нееднаквостите во нашите општества и ги искористи недостатоците во нашите здравствени системи. Богатите земји го вакцинираат своето население, додека голем дел од светот е оставен да гледа и да чека. И, тука може да ја видиме нееднаквоста, неправдата. Повеќе од 70 проценти од сите вакцини се администрирани во само десет земји“.

Од истражувачкиот центар за короновируси Џонс Хопкинс рано во понеделникот излегоа со бројка на заразени од околу 186 милиони глобални инфекции и повеќе од четири милиони смртни случаи на глобално ниво. САД имаат најмногу случаи со 33,9 милиони, додека Индија има 30,9 милиони.

Џонс Хопкинс објави дека се администрирани 3,4 милијарди вакцини ширум светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG