Линкови за пристапност

Обединетите Нации одлучуваат за хуманитарната помош за Сирија


Советот за безбедност на Обединетите Нации треба да одлучи дали ќе продолжат операциите за хуманитарна помош до Турција во северна Сирија.

Западните членки на Советот, Обединетите Нации и хуманитарните групи предложија 12 месечно продолжување на операциите додека Русија која е најблизок сојузник на Сирија предложи 6 месечно продолжување.

Доколку не се постигне компромис операциите за хуманитарна помош ќе мора да запрат веќе утре. Преговорите траат цела недела.

Без помошта која пристигнува од Турција, околу илјада камиони секој месец, ќе биде многу потешко па дури и невозможно да се испратат храна, вода, лекови и вакцини за Ковид-19 во северна Сирија поради блокадите поставени од властите во Дамаск.

„Среде пандемија како можеме да го оправдаме затворањето на рута преку која се доставуваат вакцини“ запраша американската амбасадорка во ООН, Линда Томас – Гринфилд. „Како може да оправдаме недоставување храна, вода и лекови за невините деца, всушност за кого било? Одговорот е едноставен – не можеме, мора да ги продолжиме операциите“ додаде таа.

Кога Советот ги одобри операциите за хуманитарна помош во 2014-та беа одредени четири точки за дистрибуција – две од Турција, една од Ирак и една од Јордан. Но, во последните две години Русија и Кина наложија затворање на сите освен на една која ги поврзува јужна Турција и северозападна Сирија.

XS
SM
MD
LG