Линкови за пристапност

САД испратија три милиони дози вакцини Модерна во Индонезија


Додека Индонезија се соочува со голем број заразени со Ковид-19, администрацијата на претседателот Џо Бајден испрати три милиони дози вакцини Модерна, открива претставник на Белата куќа за Гласот на Америка.

Пратката е една од најголемите кои Соединетите Држави ги имаат донирано. САД вкупно има издвоено 4 милиони дози за Индонезија, а останатите 1 милион ќе бидат испорачани наскоро.

САД ќе испратат и 500 илјади дози од вакцината Џонсон и Џонсон во Молдавија, ова е прва пратка за Европа.

Индонезија се соочува со рекордно зголемување на бројот на заразени и починати поради високозаразната варијанта Делта.

„Ја сфаќаме тешката ситуација во која се наоѓа Индонезија поради зголемениот број случаи“ изјави претставникот од Белата куќа за Гласот на Америка. „Нашите мисли се со оние кои се погодени од болести. Го поддржуваме индонезискиот народ во борбата со вирусот и правиме се што можеме за да им помогнеме во овие тешки времиња“ додаде тој.

XS
SM
MD
LG