Американскиот Центар за контрола и превенција на болести денес соопшти дека новите случаи на ковид се зголемени во САД за скоро 11 проценти во изминатата недела, како резултат на распространетоста на делтата варијанта во области со ниски стапки на вакцинација.
За време на редовниот неделен брифинг на тимот за реакција во Белата куќа, директорката на центарот Рошел Валенски, рече дека хоспитализациите се зголемени во изминатата недела за околу седум проценти, додека смртните случаи продолжија да паѓаат.
Валенски рече дека статистичките податоци покажуваат „две вистини“ што постојат во САД, со напорите за вакцинација значително да се намалат случаите, хоспитализациите и смртните случаи. Од таму изјавија дека повеќе од 160 милиони луѓе во САД се целосно вакцинирани.
Од друга страна, директорката изјави дека се забележуваат „нови и загрижувачки трендови“ што укажува на тоа дека областите со најниска стапка на вакцинација имаат највисоки стапки на нови случаи и најголем процент на позаразната делта варијанта на вирусот.
Таа рече дека варијантата делта сега е најраспространета варијанта во земјата, сочинувајќи повеќе од 50 проценти од сите нови случаи низ целата земја. Таа рече дека варијантата опфаќа дури 80 проценти од новите случаи во некои области на средниот запад и планинските држави.
Валенски, заедно со советникот за здравство во Белата куќа, Ентони Фаучи, ја истакнаа ефективноста на сите достапни вакцини против варијантата делта, во смисла на спречување на тешки болести, хоспитализации и смртни случаи.
Фаучи и Валенски појасниле и дека целосно вакцинираните лица имаат висок степен на заштита од вирусот и не треба да носат маски во затворено.
Фаучи изјави дека ако сте целосно вакцинирани со услови што ве прават подложни на сериозни болести и да сте на локација со ниски стапки на вакцинација или пак на место со висока стапка на инфекција, можеби треба да размислите да носите маска. Но, тој сепак рече, дека тоа не е препорака.
Facebook Forum