Линкови за пристапност

За вакцинираните лица се укинува карантинот во Британија


Владата подготвува и планови за проширување на политиката за целосно вакцинираните лица од други земји, како што се САД и ЕУ

Секретарот за транспорт на Велика Британија денес рече дека, од 19-ти јули, жителите на Велика Британија, кои се целосно вакцинирани, веќе нема да мора да одат во карантин кога ќе се вратат од т.н. „зелена“ или средно ризична нација, вклучително и САД и Европската унија.

Говорејќи пред парламентот во четвртокот, британскиот секретар за транспорт Грант Шап рече дека патниците сепак ќе треба да поседуваат тест три дена пред да се вратат и да покажат дека се негативни пред да патуваат, во рок од два дена по пристигнувањето, нема да мора да изолираат ако нивниот тест биде негативен.

Владата смета дека целосно вакцинирана личност е секој оној што ја примил својата втора доза на вакцина 14 дена претходно.

Шап рече дека промената на политиката не ги вклучува Шкотска, Велс и Северна Ирска, а жителите во тие области треба да се консултираат со своите министерства за здравство.

Тој исто така рече дека иако со промената прво ќе им се даде приоритет на Британците кои се вакцинирани, владата подготвува и планови за проширување на политиката за целосно вакцинираните лица од други земји, како што се САД и Европската унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG