Линкови за пристапност

Ракетни напади цел на американската амбасада во Ирак


САД ги обвинија воените сили поддржани од Иран за низата напади во последните месеци

Повеќе ракети беа истрелани кон американската амбасада во главниот град на Ирак рано во четвртокот, според ирачки безбедносни извори, последниот во низата напади врз американските воени и дипломатски места.

Ракетите не ја погодија амбасадата, туку во утврдената Зелена зона во Багдад.

Коалицијата предводена од САД во Ирак во средата пак соопшти дека 14 ракети биле истрелани врз базата што е домаќин на американскиот воен персонал во западната провинција Анбар.

Портпаролот на коалицијата, полковник на американската армија, Вејн Марото, рече дека ракетите паднале на воздухопловната база Аин ал-Асад, како и дека две лица се здобиле со полесни повреди.

Портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана, Јехиа Расул, го нарече ракетниот напад „терористички“.

САД ги обвинија полициските сили поддржани од Иран кои дејствуваат во Ирак и Сирија за повеќе напади врз американските трупи и воените објекти каде што се сместени.

Американската армија одговори со воздушни напади насочени кон позиции што ги користат воените сили поддржани од Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG