Линкови за пристапност

Повлечен предлогот на Трамп за добивање студентска виза во САД


Ние го повлекуваме известувањето за предложеното носење правила и ќе ја анализираме целокупната процедура за да утврдиме какви промени може да бидат донесени во согласност со потребите

Администрацијата на Бајден повлече едно многу непопуларно претходно предложено правило од времето на Трамп за визи на странски студенти.

Предлогот ќе опфати меѓународните студенти да аплицираат за повторно продолжување на визите за да ги завршат своите студии. Јавните коментари пак, за предложеното правило, објавени кон крајот на минатата година, се жалеа дека трошоците за такси за апликација и дополнителните барања ќе ги оптоварат странските студенти и научници.

„Ние го повлекуваме известувањето за предложеното носење правила и ќе ја анализираме целокупната процедура за да утврдиме какви промени може да бидат донесени во согласност со потребите, политиките и важечкото законодавство на Одделот за домашна безбедност“, изјави администрацијата на Бајден на 6-ти јули во Сојузниот регистар на САД, дневно списание на американската влада што објавува федерални регулативи, предложени правила, извршни наредби, прокламации и други федерални документи.

Кога администрацијата на Трамп го предложи правилото во септември 2020-та година, Одделот за домашна безбедност, кое администрира визи откако им ги издаде Стејт департментот на САД, доби 32 илјади јавни коментари, или 99 отсто, кои беа против правилото.

„Правилото е прилично нејасно и збунувачко што дури и меѓународните студентски советници ги немаа сите одговори за студентите“, изјави за Гласот на Америка во октомври 2020-та година, Софија Елкин Бекера од Универзитетот во Мериленд и претседател на Меѓународната студентска унија.

Помалку од еден отсто од јавните коментатори изразија поддршка за предложеното правило на поранешниот претседател Трамп, а многумина велат дека веруваат дека тоа ќе спречи илегална имиграција, ќе ги заштити американските работници и ќе ја запре шпионажата, според Федералниот регистар.


Други изјавија дека претходното предложено правило ќе ги дискриминира некои националности и „значително ги оптоварува странските студенти, разменувачи на научници, претставници на странски медиуми и американски работодавци со барање за продолжување на престојот за да продолжат со нивните програми за студирање или работа“, наведува Федералниот регистар .

Меѓународните студенти обично учат четири години за да постигнат додипломски студии, а многу дипломирани студенти продолжуваат со дополнителни студии или обуки, како што е продолжението на Факултативна практична обука со студентската виза Ф-1, за да се здобијат со практично работно искуство во нивната област.

Претходните предложени измени исто така ќе ги оптовареа работодавците во САД. Доколку апликантите за продолжување не аплицирале или не добиле одобрение навремено, тоа би можело да ги одложи датумите на започнување за работа или да го прекршат договорот со работодавачот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG