Линкови за пристапност

Тедрос: Некои земји се релаксираат како пандемијата да е веќе завршена


Поради “шокантната нееднаквост во вакцинацијата“ и многу заразни варијанти на коронавирусот, многу земји повторно се соочуваат со голем број случаи и хоспитализации

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреизус пред новинарите во средата изјави дека светот се наоѓа во опасна точка од пандемијата, бидејќи варијантите што се движат брзо продолжуваат да се шират поради нееднаквиот глобален напор за вакцинирање.

Од седиштето на агенцијата во Женева, Тедрос рече дека некои земји со високи стапки на вакцинација ги исфрлаат мерките за социјално дистанцирање на јавното здравство и се релаксираат како пандемијата да е веќе завршена.

Но, шефот на СЗО рече, заради она што тој го нарекува „шокантна нееднаквост во вакцинацијата“ и многу заразни варијанти на коронавирусот, многу земји повторно се соочуваат со голем број случаи и хоспитализации.

Тедрос рече низ целиот свет, варијантите ја добиваат трката против вакцините поради нееднакво производство и дистрибуција на вакцините, што, како што рече тој, исто така го загрозува глобалното економско закрепнување.

Смртните случаи во светот поврзани со пандемијата неодамна поминаа четири милиони, затоа што некои земји немаат доволно вакцини.

Тој рече: „Национализмот за вакцини, каде што неколку народи го зедоа лавовскиот дел, е морално неодбранлив и е неефикасна стратегија за јавното здравје против респираторниот вирус, кој брзо мутира и станува сè поефикасен“.

Тедрос истакна дека министрите за финансии од светските економски сили Г-20 ќе се состанат подоцна оваа недела во Венеција. Тој ги повика министрите за финансии и другите лидери да застанат зад неговиот повик да се вакцинираат 10 проценти од луѓето во сите земји до септември и таа бројка да се искачи на 40 проценти до крајот на годината.

Тој рече дека обезбедувањето на потребните финансии за зголемување на правичното производство и дистрибуција на здравствени алатки е најбрзиот начин да се заврши акутната фаза на пандемијата, да се спасат животи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG