Линкови за пристапност

Бројот на загинати извлечени од урнатините во Флорида се искачи на 32


Бројот на загинати во Флорида достигна 32 во вторникот, бидејќи уште четири тела беа извлечени од урнатините, а други 113 лица се водат за исчезнати.

Работниците продолжија да пребаруваат низ остатоците од зградата од 12 ката. Половина од зградата се сруши неочекувано на 24-ти јуни, додека остатокот беше демолиран доцна во неделата во контролирана експлозија со детонација на 58 килограми динамит, бидејќи официјалните лица изразија загриженост дека може да се сруши самостојно од ветровите кои ќе ги донесе претстојната тропска бура.

Од националната метеоролошка служба соопштија дека периодични бури со пообилни врнежи од дожд и засилен ветер се очекуваат во текот на денешниот ден.

Спасувачките служби велат дека продолжуваат да бараат преживеани, но засега немаат пронајдено ниту едно лице.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG