МОСКВА —
Руската авијациска агенција соопшти дека пронајдени се остатоците од срушениот авион во регионот Камчатка во крајниот источен дел на земјата откако исчезна авион со 28 лица.
Контролорите на летање изгубија контакт со авионот Антонов Ан-26, кој беше на пат од градот Петропавловск-Камчатски до Палана.
Авијациската агенција соопшти дека остатоците се пронајдени на околу пет километри од аеродромот каде што требало да слетаат.
Руските новински агенции објавија дека нема преживеани меѓу 22 патници и шест члена на екипажот.
Facebook Forum