Линкови за пристапност

Тропската бура Елса се насочи кон Флорида


Покрај можните оштетувања од ветровите и обилните дождови, центарот со седиште во Мајами соопшти дека полуостровот е во опасност од поплавување и изолирани торнада

Според Националниот центар за урагани, условите на југот на Флорида почнаа да се влошуваат бидејќи тропската бура Елса рано утринава се насочи кон Флорида Кис. Ветерот предизвикан од бурата достигнува 95 км/ч. Се очекува тој да добие на сила вечерва и да прерасне во категорија на ураган пред да дојде до брегот на Флорида. Гувернерот Рон Десантис во понеделникот ја прошири вонредната состојба во десетина окрузи.

Покрај можните оштетувања од ветровите и обилните дождови, центарот со седиште во Мајами соопшти дека полуостровот е во опасност од поплавување и изолирани торнада.

Елса ја погоди Куба во понеделникот попладне во близина на Сиенега де Запата, природен парк со малку жители, потоа се упати кон северозапад кон островот, поминувајќи ја Хавана на исток. Врнежи од 5 до 10 инчи со изолирани максимални количини од 15 инчи се очекуваат во вторник низ делови на Куба, што ќе резултира со значително поплавување и лизгање на земјиштето.

Нема извештаи за сериозни штети во Куба.

Елса е првиот ураган за оваа сезона на Атлантикот и предизвика голема штета на неколку источни карипски острови. Како тропска бура, резултираше со смрт на едно лице на Света Луција како и на 15-годишно момче и 75-годишна жена во одделни делови на Доминиканската Република.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG