СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести по утринскиот состанок одлучи да не побара воведување на рестриктивни мерки како превенеција на ширењето на т.н. „Делта сој“ на коронавирусот. Епидемиолозите сметаат дека здравствената состојба е стабилна и затоа нема да има нови препораки до Владата.
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти декаа ситуацијата е многу мирна и нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика а повеќе денови по ред нема притисок по болниците.
„ Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја следиме ситуацијата и во околните земји. Ја следиме ситуацијата во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа сметам дека летово доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки“, рече Филипче за „Утрински брифинг“.
Комисијата не побара и воведување на задолжителни тестови на граничните премини при влез во државата.
„ Будно ја следиме ситуацијата, зашто има земји каде што индискиот сој, како поагресивен во однос на претходните, побрзо се шири и еве тие земји воведоа некоја рестрикција. Сметам дека засега нема потреба, но ако треба ќе интервенираме“, рече Филипче околу воведувањето на задолжителен ПЦР тест.
Неколку држави во Европа ги вратија рестрикциите на сила поради ширењето на мутацијата на индискиот сој на вирусот а епидемиолозите во Северна Македонија предупредуваат дека здравствените власти мора да ја забрзаат имунизацијата на населението во лениот период и да ја завршат пред есентка кога се очекува да почне ширењето на т.н. „Делта сој“ в државата. Тие за разлика од комисијата не ја исклучуваат потребата од воведување на рестриктивни мерки. Според епидемиолозите не очекува мирно лето но на крајот од одморите ќе мора да се воведе задолжително тестирање на граничните премини за да се спречи или барем ублажи продорот на мутацијата на коронавирусот.
„Добро би било да се воведат бариери на границите, да речеме ПЦР-тестови за сите што влегуваат преку граница во земјава особено кон крајот на летото, кога ќе почнат да се враќаат од одмори. Втора линија на одбрана би требало да биде ригорозна епидемиолошка обработка за секој нов случај.Мислам дека со малку среќа и ако го интензивираме темпото на вакцинација и ако се зголеми интересот веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од 80-85 отсто, затоа што тој е прагот на колективен имунитет при кој што епидемиско ширење кај овој тип на вирус би било невозможно“, изјави Даниловски за „Канал 5“.
Според последните официјални информации на Министерството за здравство, во државата има 151 активен случај во вкупно 17 градови. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 5.486 лица.
Facebook Forum