Линкови за пристапност

Делта варијантата на Ковид-19 потврдена во над 80 држави


Зголеменото ширење на Ковид-19 поттикнато од Делта варијантата која за прв пат беше откриена во Индија а чие присуство сега е потврдено во над 80 држави ја поттикна Светската здравствена организација да препорача носење на маски и почитување на други мерки дури и за оние кои се целосно вакцинирани.

Локалните власти на округот Лос Анџелес во Калифорнија соопштија дека силно препорачуваат жителите да носат маски во затворени простории поради Делта варијантата.

Досега во светот се потврдени над 182 милиони случаи на Ковид-19, а речиси 4 милиони се починати, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Извештај на Одделот за трговија и развој и на Одделот за туризам на Обединетите Нации покажува дека пандемијата предизвикала загуби од 2.4 трилиони долари во меѓународниот туризам и поврзаните сектори во 2020-та година што претставува пад од 73% во однос на 2019-та година.

Извештајот предвидува слично ниво на загуби и во 2021-та, со пад на глобалниот туризам меѓу 63 и 75% односно загуби меѓу 1.7 и 2.4 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG