Линкови за пристапност

Каква навистина е состојбата со пандемијата во Северна Кореја?


(Сеул, Јужна Кореја, АП) Откако со месеци тврдеше дека корона вирусот е целосно под контрола, Северна Кореја речиси призна дека ситуацијата е далеку од совршена.

Ким Џонг Ун спомена „голема криза“ предизвикана од „значајно потфрлање“ на националните мерки за справување со пандемијата за време на состанок на владејачката партија.

Ова поттикна бројни шпекулации за тоа каква навистина е ситуацијата таму.

Ду Хјегон Ча, аналитичар во Институтот за политика на Сеул, вели дека Северна Кореја можеби се соочува со голема епидемија која се проширила од пограничните места и руралните средини и стигнала во урбаните центри, вклучително и главниот град Пјонгјанг.

Иако Северна Кореја ја извести Светската Здравствена Организација дека не е детектиран ниту еден случај откако биле тестирани 30 илјади луѓе, експертите се сомневаат во ова тврдење.

Ду Хјегон Ча вели дека Северна Кореја нема други начини за справување со пандемијата освен ставањето на луѓе во карантин и затворањето на цели области додека не запре ширењето.

Други експерти, како Парк Вон Гон, професор на Универзитетот Евха во Сеул, вели дека големиот состанок на Политбирото на кој присуствувале претставници од целата земја не би се случил доколку постои големо ширење на вирусот. Во случај на голем број на инфекции Северна Кореја би презела екстремни мерки за да ги запечати погодените региони, а тоа не е забележано.

XS
SM
MD
LG