Американскиот претседател Џо Бајден и група двопартиски сенатори најавија договор за големиот пакет за инфраструктура.
„Имаме договор“, рече претседателот, заедно со законодавците, во говор пред Белата куќа.
„Сите се согласивме дека никој од нас не го доби она што сите го сакавме. Јас очигледно не добив се’ што сакав. Тие дадоа повеќе отколку што првенствено сакаа“, додаде Бајден. Тие го имаат мојот збор, ќе останам на она што го предложија. И, тие ми го дадоа својот збор“.
Претседателот рече дека ќе даде дополнителни забелешки подоцна денес.
„Денес ја објавуваме рамката за историска инвестиција во инфраструктурата“, рече сенаторот Роб Портман, републиканец од Охајо, кој се наоѓа во комитетот за финансии. „Станува збор за патишта и мостови, но исто така и многу други видови на инфраструктура, вклучително и широкопојасен интернет, нашиот водоводен систем како и железничкиот систем, и сето тоа е добро за економијата“.
Сенаторката Кристен Синема, демократка од Аризона, им изјави на новинарите дека „сите дадовме и се откажавме од нешто, затоа што она што го направивме ги стави на прво место потребите на нашата земја“.
Дискусиите во последниве денови се фокусираа на планот за трошење од над 1 трилион американски долари.
Специфичните цели на дејствување вклучуваа подобрување на патиштата и електричната мрежа на земјата како и проширување на пристапот до широкопојасен интернет.
Во дискусиите беа вклучени 21 сенатор, и беа последните во низата напори на демократите и републиканците да изготват договор за големината, приоритетите и изворите на финансирање во досега нај големата инфраструктурна програма.
Една од главните точки на спорот беше, како да се плати планот. Бајден се залагаше за покачување на стапката на данок на добивка, но републиканците се спротивставија на тој чекор по успешното намалување на стапката за време на претходната администрација на претседателот Доналд Трамп.
Facebook Forum