Линкови за пристапност

„Зградите сами од себе не се рушат“ – изјави градоначалникот, но причините не се познати


Градоначалникот Чарлс Буркет, изјави дека две лица биле пренесени во локалната болница, каде што едно од лицата починало

Официјалните лица во Флорида не знаат што го предизвика распаѓањето на дел од 12-катна зграда покрај плажата рано утринава, северно од Мајами.

Најмалку едно лице го загуби животот, а други 51 се водат како исчезнати.

Шефот на пожарната екипа на округот Мајами-Даде, Реј Хaдалах, изјави за новинарите дека екипите за итни случаи реагирале на местото на настанот во градот Сарфсајд околу 1:30 часот по локално време. Тој рече дека се распаднал североисточниот агол на зградата, во кој имало околу 55 стана. Тој исто така рече дека спасувачките екипи отстраниле 35 станари од недопрената структура и извлекле уште двајца од урнатиот дел од зградата.

Како што кажа тој, повеќе од 80 единици за итни случаи реагирале на местото на настанот.

Хaдалах рече дека на самото место 10 лица биле третирани поради повреди.

Градоначалникот Чарлс Буркет, изјави дека две лица биле пренесени во локалната болница, каде што едното починало. Буркет рече дека му било кажано дека срушениот дел од зградата е полн со станари и очекува да се зголеми бројот на жртвите.

Спасувачките екипи продолжија да ги пребаруваат урнатините по преживеани и жртви.

Претходно, Буркет им изјави на новинарите дека е тешко да се замисли како станбениот комплекс, изграден во осумдесеттите години од минатиот век, може да се сруши, велејќи: „Зградите сами од себе не се рушат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG