Линкови за пристапност

Филипче: Пристигаат 600 илјади дози вакцини, следува забрзана вакцинација


vaccination North Macedonia 7
vaccination North Macedonia 7

100 илјади дози а „Фајзер“ ќе бидат испорачани преку Ковакс механизмот а во недела од Кина пристигнат 500 илјади дози „Синовак“. Околу 180 илјади граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесетина дена

СКОПЈЕ – Темпото на просеот на вакцинација ќе добие на интензитет бидејќи до крајот на неделава во државата ќе бидат испорачани 600 илјади вакцини, најави денеска минисетрот за здравство Венко Филипче. Станува збор за 100 илјади дози од производителот „Фајзер“ кои преку Ковакс механизмот ќе бидат доставени утре а во недела попладне пак, на скопскиот аеродром ќе слетаат два авиони и во секој од нив ќе има по 250 илјади дози вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Вакцинацијата со овие две пратки почнува во понеделник или вторник.

„Веќе е направен план за складирање на вакцините „Синовак“ во поликлиниката „Јане Сандански“ и на институтот за Судска медицина каде што има доволно голем капацитет во ладните соби да се сместат тие вакцини. Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека ќе биде понеделник или вторник, ќе се дистрибуираат ширум државата. Затоа сега следи едно брзо темпо на вакцинација во сите пунктови“, рече министерот Филипче.

Од здравство соопштија дека имаат доволно капацитети односно фрижидери за чување на вакцините „Фајзер“ и дека тие ќе бидат дистрибуирани во поголем дел од државата и во сите големи вакцинални пунктови.

Според официјалните податоци на министерството за здравство вчера се вакцинирале 6.478 граѓани од кои 3.712 ја примиле првата доза. Вакцинацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ додека во процесот ревакцинацијата се користат вакцините на „Синофарм“, „Фајзер и Астра Зенека“. Досега се аплицирани 494.909 дози.

Заклучно со вчера вакцинирани се 285.957 граѓани од кои 208.,592 ја примиле и втората доза. Гледано по возрасни групи 51 отсто од населението над 70 и 45 отсто од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Во последното деноноќие се регистрирани 10 нови случаи на заболени како и три жртви. Од почетокот на епидемијата, 26 февруари минатата година, битката со вирусот ја загубија 5.481 лице а заболеа 155,655 граѓани.

Здравствените власти најавија дека околу 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесет дена.

Епидемилошката состојба е стабилна и нема опасност од нов бран на ширење на вирусот ниту пак од масовна појава на т.н. „индијски сој“ кој е далеку повирулентен од останатите. Анализите на глобално ниво, кои сепак не се целосни, покажуваат дека вакцинираните граѓани може да заболат од овој тип на коронавирус но ќе имаат лесна клиничка слика и нема да има потреба од хоспитализација.

„Засега нашата процека и сите анализи кои ги правиме вклучително и следејќи ја состојбата во околните земји укажува дека голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема. Но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и затоа будно ја прамие состојбата. Има случаи на граѓани заразени со индискиот сој кои биле вакцинрани. Добро е што во огромен број, околу 97 отсто, не бараат хоспитализација и имаат лесна клиничка слика“, објасни Филипче.

Приоритет во процесот на вакцинација во следниот период ќе биде наставничкиот и техничкиот кадар во училиштата и гимназиите, околу 20 илјади лица.

„Досега се вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство на децета односно наставниците од прво до трето одделение. И тоа е една третина од вкупниот број вакцинирани наставници. Сега организирано ќе бидат вакцинирани останатите и тие се најприосритетна група за да може училиштата да работат со физичко присуство на учениците од први септември“, информираше министерот Филипче.

Истовремено, за да може да биде што побезбеден старот на идната учебна привршува изготвувањето на протоколите за стартот на школската година кои предвидуваат сите ученици да присуствуваат на настава со физичка одделеност и немешање како и мерки за дезинфецкија и проветрување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG