Линкови за пристапност

ЕУ остро се спротиставува на анти-ЛГБТ мерката во Унгарија


Унгарија ќе забрани какви било образовни програми, реклами, книги, филмови или телевизиски програми што ја прикажуваат хомосексуалноста или други родови малцинства во позитивно светло

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во средата ја критикуваше анти-ЛГБТ мерката усвоена од парламентот на Унгарија како „срамота“ што е спротивна на основните вредности на Европската унија.

Предлог-законот, одобрен минатата недела од унгарската десничарска владејачка коалиција во Парламентот, ќе забрани какви било образовни програми, реклами, книги, филмови или телевизиски програми што ја прикажуваат хомосексуалноста или други родови малцинства во позитивно светло. Сите освен една десничарска опозициска партија го бојкотираа гласањето.

Владејачката партија го брани законодавството, велејќи дека тоa е дизајнирано да спречи педофилија. Но, групите за човекови права сметаат дека законот ќе се икористи за малтретирање и стигматизација на граѓаните врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Зборувајќи за новинарите во Брисел, фон дер Лајен рече дека унгарскиот предлог-закон јасно ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација. Таа ги замоли комесарите на извршната власт на ЕУ да им напишат писмо на унгарските власти во кое се изразува загриженоста на комисијата пред законот да стапи на сила.

Таа додаде дека ова е прашање на основните човекови права и дека таа „ќе ги искористи сите овластувања на комисијата за да обезбеди гарантирање на правата на сите граѓани на ЕУ“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG