Линкови за пристапност

Вдовици во Камерун протестираат против традиционалните практики


Штетните обреди на вдовиците сè уште траат во Камерун поради неписменоста и влијанието на мажите, велат од Министерството за зајакнување на жените

Камерунските вдовици протестираат против традиционалните практики што мора да ги исполнат сопругите кога ќе ги загубат своите сопрузи. Тие вклучуваат спиење со трупот на нивниот сопруг и пиење вода што се користи за капење на телото.

Група од седум млади вдовици во главниот град на Камерун, Јаунде велат дека многу обреди на вдовица што се практикуваат во централноафриканската држава им нанесуваат болка на жените.

Министерката за зајакнување на жените и семејството на Камерун, Мари Тереза Абена Ондуа, вели дека штетните традиционални практики сè уште се практикуваат во Камерун.

Педесет и осумгодишниот Њоку Јебом вели дека жали што се обидел да ја присили 15-годишната сопруга на неговиот покоен помлад брат да се омажи за него.

Јебом вели дека во 2018-та година, старешините во градот Фумбан, го замолиле да се ожени со сопругата на неговиот 30-годишен покоен брат. Јебом вели дека му било кажано дека ако одбие да се ожени со жената, странец од нивното семејство ќе го наследи имотот на неговиот помлад брат и ќе замине со неговиот единствен син. Јебом вели дека се заканувал дека ќе ја убие доколку таа одбие.

Тој рече дека неговата снаа го пријавила во Министерството за зајакнување на жените и дека бил уапсен од полицијата и притворен за обид за кражба на имот и закана по животот на девојчето.

Камерун вели дека другите штетни практики вклучуваат принудување на жени да спијат со трупови на нивните покојни сопрузи и да пијат вода што се користи при капење на своите покојни сопрузи, во знак на благодарност дека не ги убиле сопругите.

Ејми Банда е претседател на Таргет Пис, невладина организација што ги штити правата на вдовиците. Таа вели дека оваа година, нејзината невладина организација сака жените да престанат да спроведуваат вакви обреди.

Франциска Мото е службеничка задолжена за унапредување и заштита на семејството во Министерството за зајакнување на жените. Таа вели дека штетните обреди на вдовиците сè уште траат во Камерун поради неписменоста и влијанието на мажите.

"Овие безобразни практики се поврзани со вештерството и затоа луѓето се плашат да се разделат од нив, дека може да ги загубат своите деца и затоа акцијата мора да продолжи. Првото нешто во случај на неволја е психосоцијална помош. Треба да разговарате со нив за да може да ја вратат својата сила и да се соочат со животот. И, најважната работа што ја правиме, е да ги зајакнеме вдовиците економски, затоа што повеќето од нив се сиромашни “.


Обединетите нации соопштија дека го одбележуваат 23-ти јуни како Меѓународен ден на вдовиците.

ОН велат дека загубата на партнерот е поразителна и зголемена со долготрајна борба за основни потреби, човекови права и достоинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG