Линкови за пристапност

Русија истрелала предупредувачки истрели кон британската морнарица, Британија негира


Акцијата се случила само неколку часа откако руските власти ги осудија воените дејствија, со кодно име “Морско ветре”, во кои учествуваа бродови од 32 земји, вклучувајќи ги САД како и други членки на НАТО и Украина

Руските сили соопштија дека истрелале предупредувачки истрели кон британската кралска морнарица, кој учествувала во воена вежба предводена од САД на Црното Море во близина на Крим, украинскиот полуостров припоен кон Русија во 2014-та година.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека акцијата е преземена затоа што бродот влегол на три километри во територијалните води на Русија. Велика Британија соопшти дека немало истрели кон бродот.

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, руски патролен брод пукал кон воен брод и воен авион Су-24М. Акцијата се случила само неколку часа откако руските власти ги осудија воените дејствија, со кодно име “Морско ветре”, во кои учествуваа бродови од 32 земји, вклучувајќи ги САД како и други членки на НАТО и Украина.

Министерството за одбрана на Велика Британија го отфрли карактеризирањето на Москва за инцидентот и негираше дека било пукано со предупредување кон воениот брот.

Во изјавата објавена пред инцидентот на Твитер профилот на руската амбасада во Вашингтон, официјалните лица велат: „Обемот и агресивната природа на вежбите „Морско ветре“ во никој случај не помага во обезбедување безбедност во регионот на Црното Море“. Во твитот се вели дека вежбата „ќе го зголеми ризикот од ненамерни инциденти“.


Воените бродови од Шестата флота на САД, со седиште во Неапол, Италија, ја водеа годишната вежба „Морско ветре“ во Црното Море. Годинашната вежба, 21-ва, е најголемата досега. Распоредени се повеќе од 30 бродови, заедно со 40 авиони и 5 илјади војници. Завршува на 10-ти јули.

„Соединетите држави се горди на партнерството со Украина како ко-домаќин на мултинационалната поморска вежба „Морско ветре“, што ќе помогне во зајакнувањето на интероперабилноста и можностите меѓу нациите-учеснички“, изјавија во понеделникот од Амбасадата на САД во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG