Линкови за пристапност

Што сега? Македонските евроинтеграции остануваат заглавени


Што сега? Македонските евроинтеграции остануваат заглавени
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

За Северна Македонија Европа останува единствена алтернатива и стратешка национална цел и покрај вчерашниот неуспех на европските министри да постигнат консензус за отворање на преговорите за членство и со Скопје и со Тирана. Предупредувањето на државниот врв е дека позицијата на Бугарија наспроти заедничкиот став на останатите членки и со тоа повторувањето на разочарувањата е само охрабрување за евроскептиците.

„Денес Европа има проблем. Големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ. Алармот е вклучен, суштината и вредностите на ЕУ се доведени во прашање. Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидати за членство кои ги прифаќаат и ги развиваат“ изјави премиерот Зоран Заев.

Заев очекувал повеќе од Бугарија по минатонеделните средби кои донеле позитивен исчекор, но сепак тоа не било доволно за врвот во Софија да се охрабри и да дозволи почеток на преговори. Ваквиот епилог, според него, е голем несупех и за самата Унија. Вчерашната одлука ја нарече разочарување. Ист е впечатокот и на САД, клучниот стратешки партнер на земјава.

„Остануваме разочарани што земјите членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионланата стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност“ рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Албанскиот премиер, кој денеска беше во Скопје, во стил вообичаен за него, ја искоментира одлуката што прозилезе од министерскиот состанок на Унијата која ја погоди и неговата земја.

„Не станува збор за нас, туку за самата Европска унија. Не сум загрижен, нема да останам без сон зашто имам поважни работи. Она што е суштински е дека ние ја завршивме работата, и тие тоа го велат - и тоа за двете земји. И ние ќе продолжиме, работата не е готова, а кога ЕУ ќе биде подготвена треба да ни каже. Ние ја сакаме Европската унија, секоја нивна членка, и тие велат дека не сакаат, ама се уште не се подготвени за брак“ вели албанскиот премиер Еди Рама.

Прашањето кое сега се поставува е кои се наредните чекори на македонската страна во процесот кој оддава впечаток дека Софија бара нешто кое никој во Скопје не може да го испорача.

„Тие што ме знаат добро, знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија и повторно и повторно, ќе барам решение и ние во тоа ќе успееме...“ вели премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG