Линкови за пристапност

Олимписките организатори во Токио со нови ограничувања


Според правилата објавени денес, на домашните гледачи им е забрането да навиваат, да им приоѓаат на спортистите за автограми или да разговараат со други гледачи

Организаторите на претстојните Олимписки игри во Токио воведоа ограничувања за јапонските гледачи на кои ќе им биде дозволен влез во просториите со цел да се спречи ширење на ковид пандемијата.

Според правилата објавени во средата, на домашните гледачи им е забрането да навиваат, да им приоѓаат на спортистите за автограми или да разговараат со други гледачи и ќе биде побарано од нив да одат дома веднаш по завршување на настанот.

Присуството на настанот на странските посетители е забрането.

Продажбата на алкохол е исто така забранета на местата за време на игрите.

Ограничувањата уследија по одлуката во понеделникот да се ограничи бројот на гледачи на 10 илјади луѓе или 50 отсто од капацитетот на просторот, и покрај советите од здравствените експерти дека забраната за сите гледачи е „најмалку ризична“ опција откако Јапонија се соочи со нови инфекции на ковид.

Премиерот Јошихиде Суга предупреди дека нема да исклучи забрана за присуство на сите гледачи на Олимписките игри и доколку се влоши ситуацијата со ковид.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат по едногодишно одложување поради пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG