Линкови за пристапност

Помладите Американци помалку заинтересирани за вакцини


Од Центрите за контрола и превенција (CDC) на болести велат дека помладите Американци е помалку веројатно да се вакцинираат против Ковид-19 во однос на повозрасните.

Федералната здравствена агенција соопшти дека само 38% од луѓето на возраст меѓу 18 и 29 години имаат примено барем една доза од вакцината заклучно со 22 мај споредено со над 80% во групата постари од 65 години.

Во анкета спроведена од CDC речиси половина од 2.726 испитаници на возраст меѓу 18 и 39 години одговориле дека не се сигурно дали ќе се вакцинираат или дека не планираат да го направат тоа.

Околу 40% од младите велат дека веруваат оти другите треба да бидат вакцинирани повеќе отколку тие самите, додека оние кои рекле дека планираат да се вакцинираат како причина ја навеле желбата да продолжат со нормалните социјални активности и спречувањето други да бидат заразени.

XS
SM
MD
LG