Линкови за пристапност

Блинкен во Берлин на конференција посветена на Либија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен патува за Германија каде ќе учествува на конференција за Либија, но и ќе има дискусија со неговиот германски колега за начините на сузбивање на одрекувањето на Холокаустот и на антисемитизмот.

Германија и Обединетите Нации ја одржуваат Берлинската конференција на која треба да се надградат напорите за окончување на борбите во Либија и поддршка за стабилна власт.

Специјалниот американски пратеник за Либија, Ричард Норленд, вели дека разговорите ќе дадат поттик за потребните чекори кои треба да бидат преземени за одржување на избори во декември, вклучително воспоставување уставна и правна осноца за гласањето.

Либија се соочува со политичка нестабилност откако во 2011-та, востание кое доби поддршка од НАТО, го отстрани од власт долгогодишниот лидер Муамер Гадафи.

XS
SM
MD
LG