Врховниот суд на САД во понеделникот донесе одлука дека Националната спортска асоцијација на колеџи не може да ги ограничи бенефициите што ги добиваат студентите спортисти, се додека тие се поврзани со нивното образование
Со пресуда од 9 наспроти 0, Судот ја потврди пресудата на понизок суд со кој се проширија придобивките поврзани со образованието за американските студенти спортисти, надвор од атлетските стипендии, вклучувајќи бесплатни компјутери и туторство.
Пресудата им овозможува на колеџите да нудат такви поволности за да се натпреваруваат при привлекувањето спортисти.
Националната спортска асоцијација на колеџи е во процес на изменување и дополнување на своите правила за да им се овозможи на спортистите да можат да склучуваат зделки со компании и да имаат платени настапи без ограничувања.
Членови на Конгресот и законодавците од неколку сојузни држави, исто така, предлагаат различни нивоа на промена на правилата на Асоцијацијата.