Линкови за пристапност

САД ќе споделат 55 милиони од своите вакцини со светот


Денес Белата куќа го откри планот за 55 милиони преостанати дози, вклучувајќи 14 милиони за Латинска Америка и Карибите, 16 милиони за Азија и околу 10 милиони за Африка

Белата куќа ги претстави своите планови за споделување на 55 милиони дози на вакцини во странство, а повеќето се наменети за земјите во Латинска Америка, Карибите, Азија и Африка.

Администрацијата на Бајден во понеделникот соопшти дека повеќето дози ќе бидат споделени преку меѓународната програма Ковакс, исполнувајќи ја обврската на претседателот Џо Бајден да сподели 80 милиони вакцини произведени во САД со земји од целиот свет.

Асошиејтед прес објави дека администрацијата веројатно нема да го исполни ветувањето за споделување на вакцините до крајот на јуни, поради регулаторните и други пречки. Официјални лица цитирани од новинската агенција велат дека дозите на вакцините се подготвени, но се одложуваат поради законските, логистичките и регулаторните барања како во САД тскс и во земјите приматели.

Бајден ги претстави своите планови за првите 25 милиони дози на почетокот на овој месец. Денес Белата куќа го откри планот за 55 милиони преостанати дози, вклучувајќи 14 милиони за Латинска Америка и Карибите, 16 милиони за Азија и околу 10 милиони за Африка.

Други 14 милиони дози се делат со „регионални приоритети“, вклучувајќи ги Колумбија, Хаити, Авганистан, Ирак, Украина, Јужна Африка, Западниот брег и Газа.

САД веќе започнаа да доставуваат вакцини во Тајван, Мексико, Канада и Јужна Кореја.

Покрај тоа, претседателот Бајден на почетокот на овој месец објави дека САД ќе купат 500 милиони вакцини од производителот на лекови „Фајзер“ и ќе ги дистрибуираат низ целиот свет во текот на следната година.

САД имаат вишок дози на вакцини откако повеќе од 177 милиони Американци примиле барем една доза и побарувачката за вакцини започна да опаѓа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG