Линкови за пристапност

Новиот избран претседател на Иран нема да преговара за програмата за балистички ракети


Ебрахим Раиси изјави дека нема да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, бидејќи САД се обидуваат повторно да го ограничат Иран од развој на нуклеарно оружје

Новиот избран претседател на Иран, Ебрахим Раиси, во понеделникот рече дека нема да преговара за ограничување на програмата за балистички ракети на Техеран.

Покрај тоа, Раиси пред новинарите во Техеран изјави дека нема да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, бидејќи САД се обидуваат повторно да се приклучат на меѓународниот пакт од 2015-та година за да го ограничат Иран од развој на нуклеарно оружје.

Претходната администрација на Трамп рече дека нуклеарниот договор не е доволно цврст и ги повлече САД од договорот пред три години, истовремено обновувајќи ги економските санкции против Иран.

На својата прва прес-конференција по неговата победа на претседателските избори минатата недела, Раиси се нарече „бранител на човековите права“ кога го прашаа за неговата вмешаност во масовната егзекуција во 1988-ма година на околу 5.000 луѓе.

Санкциите на САД поврзани со убиствата остануваат на сила против него од пред три децении, дури и кога тој треба да го преземе иранското претседателство за околу шест недели.

Со излегувањето на САД од меѓународниот пакт, Иран ги надмина мандатите на договорот, збогатувајќи го ураниумот на 60 отсто, највисоко ниво досега, иако тоа сè уште не е на ниво на оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG