Линкови за пристапност

Филипче: ситуацијата со Ковид-19 е стабилна


Филипче: ситуацијата со Ковид-19 е стабилна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Здравствените власти ја следат ситуацијата со индискиот сој на ковид-19, но засега нема посериозни ризици и затоа не се планираат нови рестрикции. Досега, во Северна Македонија се регистрирани 2 случаја на оваа варијанта на коронавирусот која се пренесува многу побрзо од останатите. Затоа, надлежните повикуваат на внимателност на граѓаните во наредниот период.

„Кај нас ситуацијата е прилично стабилна, на тоа упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием, а во исто време има и мал број на прегледи во болница за прием и мал прием на преглед во болниците. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа. Во оваа ситуација, во овој следен период што е пред нас, не се планираат никакви рестрикции, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик. Но, морам да потенцирам, будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот“ вели Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот за здравство уверува дека процесот на вакцинација се одвива со добро темпо – досега се вакцинирале 240.000 граѓани, а околу 180.000 чекаат да се имунизираат. За следната недела најави зголемување на динамиката на вакцинирање.

„Во петок доаѓа голема пратка од „Фајзер“ вакцините преку ковакс системот и тие в понделник ќе бидат дистрибуирани, а потоа ќе се дитрибуираат и кинеските вкацини кои ги чекаме викендов. Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години“ вели Филипче.

Изминатиот викенд голем број македонски граѓани отпатуваа во Србија за да се ревакцинираат или да добијат прва доза на вакцина. Проценките се дека меѓу 17 и 20 јуни, околу 20.000 граѓани излегле од земјава и влегле во Србија – главна дестинација вакциналните пунктови во Ниш и Белград.

XS
SM
MD
LG