Линкови за пристапност

Тајван доби од САД 2,5 милиони дози Модерна вакцини


Според новинската агенција Ројтерс, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи ги повика САД да избегнат „политичка манипулација во име на помош за вакцините и да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи"

Тајван го поздрави пристигнувањето на околу 2,5 милиони дози на вакцината Модерна од САД, гест што не и се допадна на Кина.

Пратката со вакцини е повеќе од тројно од првичниот предлог од 750 илјади дози кои беа одобрени од администрацијата на Бајден за самоуправниот остров.

Со објава на Фејсбук, претседателот на Тајван, Цаи Инг-Вен, го пофали пристигнувањето на вакцините.

„Без разлика дали станува збор за регионален мир и стабилност или вирусот што е заеднички човечки противник, ние ќе продолжиме да ги поддржуваме заедничките идеи и да работиме заедно“, напиша претседателот Цаи.

Според новинската агенција Ројтерс, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи ги повика САД да избегнат „политичка манипулација во име на помош за вакцините и да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи“.

Кина тврди дека самоуправниот остров е дел од нејзината територија и му биле понудени на Тајван домашно произведени вакцини, што Тајпеј ги одбил.

Самостојно управуваниот остров се сметаше за една од ретките успешни приказни во светот за ограничување на ширењето на коронавирусот на почетокот на пандемијата, но се соочија со ненадејно зголемување на нови инфекции, кои властите ги поврзаа со екипажот од државната авиокомпанија „Кина ерлајнс“.

Во Тајван во моментов има 14.005 потврдени инфекции со ковид, вклучително и 549 смртни случаи, според Центарот за ресурси на коронавирусот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG