Германската полиција уапси руски научник кој работел на неидентификуван универзитет, обвинувајќи го за шпионирање за Москва, соопштија во понеделникот обвинителите на Германија, што ќе го поттикне дополнително разгорувањето на билатералните односи помеѓу двете земји.
Федералното обвинителство во изјавата рече дека осомничениот, идентификуван само како Илнур Н., бил приведен во петокот под сомнение дека „работел за руска тајна служба, најдоцна од почетокот на октомври 2020-та година“.
Илнур Н. бил вработен до моментот на апсење како асистент за истражување на одделот за природни науки и технологија на неименуваниот германски универзитет.
Германските истражители сметаат дека тој се сретнал најмалку три пати со член на руско разузнавање во периодот од октомври 2020-та година до овој месец. Во два наврати тој наводно „пренесувал информации од доменот на универзитетот“.
Тој е осомничен дека прифатил готовина во замена за неговите услуги.
Во текот на апсењето германските власти извршиле претрес во неговиот дом и работното место.
Осомничениот се појави пред судија во саботата кој му одреди притвор.
Ниту германската ниту руската влада не дадоа никаков коментар за случајот.
Москва е во конфликт со неколку западни престолнини по распоредувањето руска војска на границите со Украина и низата скандали со шпионажа, што резултираше со дипломатско протерување.
Владата на канцеларката Ангела Меркел воведе санкции и околу присоединувањето на Москва со полуостровот Крим.
Германија постојано ја обвинува Русија за кибернетички напади на нејзино тло.
Најголем инцидент за кој досега се обвинуваа руските хакери е кибер нападот во 2015-та година кој целосно ја парализираше компјутерската мрежа на долниот дом на парламентот на Бундестагот, принудувајќи ја целата институција да работи “офлајн” со денови додека беше поправена.
Русија негира дека стои зад ваквите активности.
И, покрај меѓународните критики, Берлин сепак ги продолжи своите планови за завршување на гасоводот „Северен поток 2“, кој треба да го удвои снабдувањето со природен гас од Русија за Германија.
Facebook Forum