Организаторите на Олимписките игри во Токио одлучија да дозволат ограничен број гледачи на местата каде ќе се одржуваат олимписките настани.
Одлуката денес да го ограничи бројот на гледачи на 10 илјади луѓе, или 50 отсто од капацитетот на просторот, доаѓа само неколку дена откако здравствените експерти ја информираа владата дека сепак забраната за одржување на игрите е „најмалку ризична“ опција во пресрет на бранот на нови инфекции со ковид во главниот град на Јапонија и низ целата земја.
Но, премиерот Јошихиде Суга пред новинарите денес изјави дека нема да исклучи забрана за присуство на сите гледачи на Олимписките игри, доколку ситуацијата тргне наопаку.
Првичната вонредна состојба беше прогласена во април и продолжена кон крајот на мај. Напливот предизвика сериозно спротивставување на јавноста против одржувањето на Олимписките игри, особено меѓу истакната група на медицински професионалци кои го повикаа Суга да ги прекине игрите.
Олимписките игри во Токио треба да се одржат по едногодишно одложување, бидејќи пандемијата започна да се шири низ целиот свет. Засега, забрането е само присуство на настанот на странските гледачи.
Facebook Forum