Линкови за пристапност

САД и ЕУ се согласија на петгодишно примирје околу субвенциите за производителите на авиони


Овој договор ќе обезбеди нашите работници и компании во овој клучен сектор да можат да се натпреваруваат со еднакви услови

Соединетите американски држави и Европската унија се согласија на петгодишно примирје за нивниот долготраен спор околу субвенциите за производителите на авиони.

Оваа информација беше соопштена денеска, кога американскиот претседател Џо Бајден во Брисел се сретна со лидерите на ЕУ.

Боинг со седиште во САД и Ербас со седиште во ЕУ се наоѓаат во центарот на обвинувањата дека субвенциите што му помагаат на едниот производител на авиони му наштетил на другиот на глобалниот пазар. Спорот доведе до низа царини за време на претходната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп. Тие царини беа суспендирани во март.

„Овој договор ќе обезбеди нашите работници и компании во овој клучен сектор да можат да се натпреваруваат со еднакви услови“, им рече на новинарите во вторникот претставничката на американската трговија, амбасадорката Кетрин Таи.

„Оваа зделка ни овозможува да ја свртиме страницата за овој долготраен спор, да работиме заедно за да ги решиме нашите заеднички проблеми со нефер и присилни економски практики и да обезбедиме стандарди за фер конкуренција“, рече таа.

Исто така, во фокусот на разговорите се обидите за борба против пандемијата и климатските промени, како и заедничката работа за трговија и надворешни работи.

Во изјавите издадени пред разговорите, двете страни исто така рекоа дека ќе ја повторат поддршката за Ковакс механизмот за обезбедување правичен пристап до вакцините и да работат заедно на начини за промовирање на глобално закрепнување од економските влијанија на пандемијата. Тие, исто така, планираа да разговараат за напорите за реформа на Светската здравствена организација.

На состаноците на Г-7 и НАТО оваа недела, Русија и Кина повторно ќе се најдат на дневен ред.

И Белата куќа и Европската унија соопштија дека лидерите исто така ќе изразат заложба за поддршка на демократијата и борба против корупцијата и за почитување на човековите права низ целиот свет. Тие исто така се обврзуваат дека ќе соработуваат за прашања поврзани со сајбер безбедноста и миграцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG