Линкови за пристапност

Трајковски: „Бевме рамноправни, главата горе одиме на победа!“


Атмосферата на репрезентативците е на високо ниво, вчерашниот пораз не ги поколеба. Ветуваат дека ќе ги направат навиначите горди и им се заблагодарија за огромната поддршка. Следува анализа на натпреварот со Австрија и противникот Украина. Мечот ќе биде клучен за двете репрезентации

БУКУРЕШТ - Игравме 70 минути добар фудбал, сите комактно, се боревме до крај и го имавме резлутатот, но тогаш дојде до мал пад кој вешто го искористија австријците и ги примивме двата гола, можеби малку наивно, смета репрзентативниот напаѓач Александар Трајковски кој настапува во шпанска Мајорка.

„Креиравме шанси и игравме наш фудбал.не можам да кажам дека Австрија беше поквалитетна од нас. Покажавме дека може да играме со секого. Ако ја повториме играта ќе дојдеме до позитивен резултат. Оваа Македонија никогаш нема да се предаде, ќе се бориме до крај“, рече Трајковски.

Трајковски вели дека чувството да настапи на ЕУРО 2020 е неповторливо а атмосферата која ја направија илјадиците фанови од Македонија феноменална.

„Чувството е убаво да се игра на вакво големо натпреварување. Драго ми е што дојдоа толкав број на навивачи да не бодрат и жалам што немавме поволен резултат. Сакам да им порачам дека ќе направиме се да ги направиме горди и да излезат на улица“, дециден е Трајковски.

Репрезентативниот бек, Кире Ристовски кој не настапи на првиот натпревар, вели дека стилот на играта на Австрија, од која три пати загубивме, не ни одговара но мора да се носиме со тие репрезентации

„Уште на химната кога се пееше имаше емоции кај мене. Тешко е да бидеш на клупата но тоа е одлука на селекторот.Дечките навистина добро одиграа. Јас бев подготвен да одговорам доколку влезев во игра. Штета што изгубивме, игравме добро. Можеби стилот на игра на Австријците не ни одговара, физички се силни и имаат високи играчи. Но ние мора да се носиме со такви противници“, рече Ристовски.

Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, а вчерашниот пораз не ги поколеба нитуи пак демотивира.

„Мислам дека резултатот не ја прикажа вистинската состојба на теренот, беше рамноправен натпревар. Нема потреба самодовербата да ни паѓа. Знаеме колку беше тешко да дојдеме тука и затоа мора да бидеме максимално мотивирани. Немаме што да загубиме можеме само да добиеме“, вели Трајковски.

Следува натпреварот со Украина, која по вчерашниот пораз со Холандија, исто така ќе ги брка првите бодови во групата. Репрезентативците очекуваат тврд меч и агресивен противник кој ќе се обиде да ја наметне нивната игра. Ветуваат дека ќе го дадат својот максимум.

„Немавме можност многу да ги анализираме Украинците. Мислам дека ќе биде сличен натпревар. Агресивна екипа се, ќе сакаат да го наметнат своето темпо. Следуваат анализите, не навлегувам во тактиката и постава, тоа е на селекторот Ангеловски. Мора да бидеме подготвени на борба. Нормално дека сум отпимист. Се додека имаме барем минимални шанси нашите соништа не згаснуват. Одиме на победа за да ги израдуваме нашите навивачи“, рече Ристовски на денешната прес конференција.

За Трајковски паузата од два дена е добредојдена, пред се за анализа на противникот но и на натпреварот со Австрија за да не се повторат истите грешки.

„Имаме уште два дена до натпреварот со Украина. Имаме доволно време, нема потреба од разочарување. Ќе го анализираме натпреварот со Австрија и нашите грешки. Имаме доволно време да се рекуперираме. Атмосферата е иста, доволно сме мотивирани, знаеме дека има шанса да ја минеме група и нема потреба да пагаме. Главата горе и се фокусираме на натпреварот со Украина. Сите сме подготвени и максималчно мотивирани“, изјеви репрезентативниот напаѓач.

Трајковски и Ристевски се децидни дека концентрацијата мора да се здржи во сите 90 минути од натпреварот и најавуваат добар натпревар со многу борба во кој ќе Македонија че извојува победа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG